Гаел Монфис поради Свитолина порано замина во пензија

Ако целиот свет со шок ја прими веста за разводот на Гаел Монфис и Елина Свитолина, не е тешко да се претпостави каков шок доживеал францускиот тенисер кога сопругата му соопштила дека сака законски да се разделат.

Бракот, кој важеше за еден од најдобрите меѓу тенисерите, доживеа ненадеен и неочекуван крај, а според пишувањата на „Л’Екип“, одлуката на Свитолина била исклучително тешка за Монфис.

„За Гаел, тенисот ја изгуби својата смисла поради разводот, па затоа одлучи предвреме да ја заврши кариерата. Шокот беше преголем. Тој веќе не беше во состојба да игра“, објаснува францускиот спортски весник.

Монфис планираше да се прости од спортот што го сака на Мастерсот во Париз за две недели, а претходно требаше да настапи во Лион, но се предомисли без претходна најава. Токму затоа, неговата одлука да престане со играње, донесена пред неколку дена, предизвика големо изненадување. Никој не знаеше што се случува, а потоа следеше уште поголемо изненадување, веста за разводот.

На 5 октомври, Монфис ја известил Агенцијата за интегритет во тенисот да го отстрани од списокот на играчи кои подлежат на допинг-контроли. За неговата одлука никој не знаеше се до минатата недела. Дека Монфис се повлекол од тенисот стана јасно дури откако организаторите на турнирот во Лион ја известија јавноста дека тој ја одбил понудената за „вајлд-карта“.

Се вчитува...