Мбапе: Верувам дека сум најдобар, имам кариера за чиста „10“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе смета дека има одлична кариера.

Мбапе беше прогласен за најдобар играч на сезоната од страна на францускиот магазин „Онз Мондијал“, а исто така е во конкуренција за најдобар и во изборот на „Франс фудбал“, односно за наградата „Златна топка“.

Мбапе ја започна кариерата во Монако, а потоа, преку Пари Сен Жермен, премина во Реал Мадрид.

„И давам чиста десетка, бидејќи кариерата се доживува низ сите нејзини детали, како во добрите, така и во лошите моменти. Првото нешто што ми паѓа на памет не се головите што сум ги постигнал или титулите што сум ги освоил, туку фактот дека во текот на овие 10 или 11 години никогаш не ми било досадно. Она што го доживеав не го сметав за нешто обично, туку секогаш го живеев со внимание на секој детаљ“, вели Мбапе.

Се вчитува...