Кулушевски по 17 месеци се врати на терен, па Тотенхем конечно славеше… (ВИДЕО)

Тотенхем го победи Ковентри во последниот натпревар од колото во Прмиерлигата, славејќи дома во Лондон со 3-1.

Екипата на Де Зерби стигна до триумфот по прекрасните голови на Медисон и Мармуш, како и на Дејвис во судиското продолжение.

Медисон покажа каков шут има во 14. минута, за да сепак, по еден карамбол во 49. минута, Рудони успеа да израмни.

Човек на одлука беше Мармуш во 58. минута, кога го совлада Рашворт од работ на шеснаесетникот.

Македонецот со шведски пасош, Дејан Кулушевски влезе во игра во 87. минута и тоа беше негов прв настап од мај 2025 година, по долгата пауза поради повреди.

After 526 days out injured, Tottenham midfielder Dejan Kulusevski finally returns to the pitch
by
u/mrjohnnymac18 in
soccer

Иако резултатот наговестуваше за потенцијална неизвесност во финишот, сепак точка на натпреварот стави Дејвис во шестата минута од судиското продолжение, шутирајќи од надворешната страна, а голот дефинитивно отиде во душата на Рашворт.

Се вчитува...