Вториот тим на Е. Пелистер подобар од Тиквеш

Ракометарите на Е. Пелистер 2 во последниот натпревар од седмото коло во Суперлигата, со 34:26 го совладаа Тиквеш.

Ова беше трета победа за вториот тим на Е. Пелистер сезонава и се израмни токму се денешниот противник на делба на шестото место на табелата.

Воведните минути го најавија исходот на натпреварот, домаќинот по само десет минути игра имаше убедливо водство од 6:1, а предноста „скокна“ на плус шест две минути подоцна (8:2).Со одлична игра, ракометарите на Е. Пелистер 2 продолжија до крајот на првиот дел кој го добија со високи 17:10.

На стартот од второто полувреме, предноста на домаќинот се зголеми на девет гола (21:12 и 22:13) по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите. На крајот, вториот тим на Е. Пелистер славеше со 34:27.

Давид Димевски со девет гола од десет шута и Кристијан Симоновски со седум гола беа најдобри кај победникот, додека во редовите на Тиквеш, Онцев даде осум гола.

Се вчитува...