Лос Анџелес Лејкерс ги победија Детроит Пистонс со 121-116 изминатава ноќ во НБА лигата.
Поради повреда на долниот дел од грбот, Лука Дончиќ не можеше да игра за Лејкерс против Детроит Пистонс, а ова е веќе втор натпревар на почетокот од сезоната што Словенецот го пропушта.
Сепак, ова не им создаде проблем на Лејкерс, кои лесно ги победија Детроит Пистонс.
Херој на оваа победа беше „Хилбили Мамба“ – Остин Ривс кој запиша 43 поени, пет скока и четири асистенции, а Вокер Кеслер постигна 12 поени со 16 скока, додека Секстон и Вилијамс имаа по 17 поени, а интересно е и што Вандербилт имаше само 2 поени и 10 скока.
Од друга страна, Денис Џенкинс го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера и постигна 31 поен со 5 скока и 4 асистенции, додека Кевин Хартер имаше 24 поени и по пет скока и асистенции, Кејд Канингем додаде 14 со 8 асистенции, а Данкан Робинсон имаше 12 поени.
Клучната четвртина беше првата во која Лејкерси постигнаа дури 38 поени и имаа +24 по 12 минути игра, па од самиот почеток беше јасно кому ќе му припадне овој натпревар.
Интересно е што Лејкерси моментално се тимот со најмногу победи во целото натпреварување (девет) заедно со Филаделфија, која малку порано победи против прилично слабиот Чикаго со 127:121.
НБА, резултати:
Чикаго – Филаделфија 121:127
Детроит – ЛА Лејкерс 116:121
Минесота – Јута 115:100
Далас – Бруклин 130:93
Милвоки – Бостон 97:117
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 139:123
Сакраменто – Мајами 108:114
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
