Протестите во Франција нема да ја одложат мегапресметката меѓу ПСЖ и Барселона

Мегапресметката помеѓу ПСЖЃ и Барселона која треба да се игра во рамки на третото коло во Лигата на шампионите, ќе се одигра утре според предвидениот план, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез.

Франција е зафатена од силно насилство предизвикано од екстремисти, вклучувајќи грабежи на продавници и напади врз јавни институции во Париз, Лион, Марсеј и други поголеми градови.

Од викендот, демонстрантите учествуваат во насилни протести поради зголемените трошоци за живот, придружувајќи им се на средношколците кои веќе го изразија своето незадоволство од условите во образованието, по повеќе од три недели блокади на училиштата.

 

 

Во понеделникот, владата соопшти дека им дала насоки на префектите да воведат ограничен полициски час во одредени градови и области, со цел да се спречат понатамошни немири и грабежи.

Насилството беше насочено кон општинските управи, други јавни институции и стотици деловни објекти низ целата земја, при што се уапсени повеќе од 2.000 лица.

Се вчитува...