„Супермен“ по само два меча во Грузија одлучи да ја заврши кариерата

Поранешниот центар на Орландо меџик, ЛА Лејкерс со кого освои титулата, Двајт Хауард, одлучи да стави крај на кариерата.
Хауард потпиша за грузискиот тим Блек форест и по сано два одиграни натпревари донесе одлука да стави крај на кариерата долга 22 години.

Хауард во НБА-лигата влезе во 2004 година како прв избор на драфтот од страна на Орландо. За тимот од Флорида играше до 2012 година, по што се пресели во ЛА Лејкерс, а потоа настапуваше и за Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон и Филаделфија. Круната на неговата кариера е шампионската титула во 2020 година со Лејкерси.

Хауард во НБА-лигата одигра 1.242 натпревари на кои просечно постигнуваше по 15.7 поени и имаше 11.8 скокови и 1.8 блокади.
Хауард играше и надвор од НБА-лигата, во Кинески Тајпеј, Австралија, Филипини и Порторико и во Грузија која беше последна станица во неговата кариера.

Минатата година, Хауард беше примен во Куќата на славните како дел од олимпискиот тим на САД кој на ЛОИ во Пекинг 2008 година го освои златниот медал.

Се вчитува...