Англиски медиуми тврдат дека Манчестер сити ќе биде исфрлен од Премиер лигата?!

Манчестер сити би можел да ја добие една од најголемите казни во историјата на Премиер лигата, пишува новинарот на „Дејли меил“, Оливер Холт.

Според Холт, Манчестер сити би се соочил со одземање на бодови со кои би испаднал од Премиер лигата. Но, казната би била таква што „граѓаните“ не би можеле да се вратат во Премиер лигата по само една година пауза.

Според извештајот на Оливер Холт на кој се повикуваат и останатите англиски медиуми, најверојатното сценарио вклучува висока парична казна, проследена со одземање бодови, што би го испратило Сити во Чемпионшип дивизијата.

Постои и можност за дополнителни санкции за следната сезона, кои би можеле да го задржат клубот во таа дивизија уште најмалку една година.

Наводно, Премиер лигата планира казната да биде објавена по завршувањето на жалбената постапка, а конечната одлука се очекува да биде донесена во јануари идната година. Манчестер Сити претходно беше прогласен за виновен по 114 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.

Се вчитува...