Тренерот на европскиот шампион Луис Енрике, има голем респект кон следниот противник во Лигата на шампионите, Барселона, но изјави дека ќе направи се неговиот тим да слави.
Дербито ќе се одигра утревечер на „Паркот на принцевите“, а Енрике повторно ќе се сретне против тимот во кој настапуваше во играчката кариера, а потоа и беше тренер.
„Овој натпревар нема да биде финале пред финалето. Лигата на шампионите ни овозможува да играме вакви натпревари. И двата тима се меѓу фаворитите,но има уште многу екипи кои можат да триумфираат во Лигата на шампионите“, вели Енрике.
Шпанецот на клупата на ПСЖ има голем респект за фудбалската филозофија на Барселона, од која потекниот и тој самиот.
„Сакам да ја гледам Барселона и како тренер и како навивач. Убаво е да се гледа идентитетот на Барселона и мислам дека двете екипи си слични. Сепак, не очекува тежок натпревар бидејќи Барселона е многу квалитетна и како тим и индивидуално“, додава Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
