Украинската тенисерка Елина Свитолина објави дека става крај на бракот со францускиот тенисер Гаел Монфис.
Шестата тенисерка во светот во објава на Инстаграм наведе дека тоа е „најтешката работа што некогаш морала да ја сподели“.
Свитолина зборуваше за тешкото емоционално влијание што војната во нејзината татковина го имала врз нејзината состојба, како и за поддршката што ја добила од Монфис додека се соочувала со тие предизвици, во периодот кога направила пауза од тенисот за да се опорави.
„Но, некои битки се водат длабоко во нас и ниедна количина љубов од некој друг не може да ги добие наместо нас. Со текот на времето сфатив дека морам да го најдам патот назад кон себе и дека тоа не можам да го сторам во рамките на нашиот брак.“
Монфис и Свитолина, кои се запознаа во 2018 година, имаат четиригодишна ќерка.
„Заедно изградивме прекрасен живот и го добивме најскапоцениот дар од сите – нашата ќерка Скај“, рече Свитолина. „Скај секогаш ќе биде на прво место. Нашиот брак завршува, но нашето семејство – не. Секогаш ќе бидеме нејзини родители, рамо до рамо, на секој чекор од нејзиниот живот.“
Неодамна, тие заедно настапија во мешани двојки на УС опен и стигнаа до полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
