Несторовски: Никогаш не се откажав од репрезентацијата

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски бележи извонредни настапи во хрватскиот шампионат во дресот на Славен Белупо, наметнувајќи се како најефикасен наш офанзивец во странство.

Популарниот „Нестогол“, кој неодамна блесна со два погодоци во триумфот над Риека, во опширно интервју за хрватската телевизија „Спорт Клуб“ отворено проговори за својата иднина во националниот тим.

„Најголема фудбалска цел која не ја остварив е единствено што со Македонија не играв на тоа Европско првенство. Но, тоа е што е. Беше таа лоша повреда. Од другото играв во најсилните топ-5 лиги. Можеби ете некое Светско првенство, ако пак ме викнат во репрезентацијата, затоа што се вратив во добра форма. Никогаш не знаеш. Не се откажав од репрезентацијата, ако дојде повик секогаш сум достапен за Македонија. Да се игра за државата е гордост. Секогаш сум на располагање. Во последните години не ме викаат, но не ми е проблем, повеќе сум со семејството. Ама ако некој се сети на мене, тука сум“, изјави Несторовски.

Се вчитува...