Попладнево ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе биде домаќин на Тиквеш. Двете екипи ќе атакуваат на важни бодови во пресметка која се очекува да донесе голема борба и возбудувања на теренот.
Во пресрет на овој натпревар, фудбалерот на Арсими, Арлинд Алити, истакна дека екипата е максимално подготвена и мотивирана да го даде својот максимум.
„Нè очекува многу важен натпревар против Тиквеш, квалитетна екипа која максимално ја почитуваме. Работевме посветено и се подготвуваме на најдобар можен начин за овој натпревар.
Свесни сме дека нè очекува тежок дуел, особено по натпреварот со Силекс, но веруваме во нашиот квалитет, во работата што ја правиме и во силата на групата. На теренот ќе излеземе со максимална концентрација, мотивација и голема желба да оствариме позитивен резултат.
Ги повикувам нашите навивачи да бидат покрај нас и да не поддржат како и секогаш. Нивната поддршка ни дава дополнителна сила и мотивација. Од наша страна ветуваме дека ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот до последниот судиски свиреж”, изјави одбранбениот играч на Арсими.
Натпреварот помеѓу Арсими и Тиквеш ќе се одигра денес со почеток во 14:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
