Во Јувентус врие – Спалети е пред отказ

Огромно е незадоволството меѓу навивачите, но и во самата управата на Јувентус откако „црно-белите“ синоќа беа декласирани на домашен терен од Лацио со 0-3.

Јувентус веќе заостанува осум бода зад водечките Интер и Лацио, но уште поголем проблем е потпросечната игра што „старата дама“ ја покажува во континуитет. Спалети по последното дерби истакна дека и самиот е изненаден од начинот на кој неговиот тим играл и бил целосно инфериорен во однос на противникот, уште еден јасен доказ дека поранешниот италијански селектор нема одговор за кризата во која се наоѓа тимот.

Јувентус има 11 бода по седум рунди, еден помалку од бројката ланската сезона кога Игор Тудор доби отказ во истата ситуација. Само за споредба, Тијаго Мота имаше 13 бода по првите седум средби како тренер на Јувентус, по што и тој доби отказ…. така што јасно е зошто трпението за Спалети стигнува до самиот лимит.

Доколку се реализираат најавите и Јувентус се реши за тренерска смена, апсолутен фаворит за нов шеф на стручниот штаб ќе биде Антонио Конте, кој е без ангажман откако си замина од кормилото на Наполи.

Се вчитува...