Конечно, камбек – Кулушевски се враќа по 526 дена пауза

Тотенхем вечерва го пречекува Ковентри во последниот меч од премиерлигашката рунда, меч што ќе претставува камбек на Дејан Кулушевски на фудбалските терени по година и половина пауза.

Македонецот (роден во Охрид) со шведски пасош се повреди на дуелот со Кристал палас во мај 2025 година, следеше операција на коленото, потоа и низа дополнителни компликации кои само го одложуваа неговиот камбек.

Тој од септември почна да тренира со остатокот од тимот, тренерот Де Зерби не сакаше да ризикува, но сега реши да го вклучи Кулушевски во тимот за дуелот со Ковентри.

„Ова е најверојатно најдобрата можна вест. Деки патеше премногу. Вчера му ја соопштив веста дека ќе биде во тимот, насмевката на лицето му беше огромна“, истакна италијанскиот стратег на клупата на Тотенхем.

Дејан Кулушевски дојде во Тотенхем од Тотенхем во 2022 година, најпрвин на позајмица, а потоа „спарси“ го откупија неговиот договор со „старата дама“ за дополнителни 30 милиони евра.

Тој има 146 настапи за лондонскиот тим, притоа постигнувајќи 25 гола и 30 асистенции.

Се вчитува...