Лацио по девет години слави во Торино против „Старата дама“ (ВИДЕО)

Во дербито на седмото коло во Серија А, Лацио со 3:0 го совлада Јувентус среде Торино.

Ова е прв триумф за Лацио во Торино по пауза од седум години, последен пат римјаните се радуваа на „Алијанц арената“ во 2017 година (2:3).

Со победата, Лацио се израмни на лидерската позиција со Интер, и двете екипи по седум кола имаат 19 бодови. Јувентус е осми со 11 освоени бодови.

Мрежата на „Алијанц“ арената првпат се тресеше во 24 минута, но голот на Рандал Коло Муани беше поништен поради офсајд.
Но, во 37-та минута, Провстгард ги шокира навивачите на Јувентус откако беше највисок по нафрлената топка и ја смести во голот на Викарио. Голот за водство на Лацио може да го видите на следниот ЛИНК.

Во второто полувреме, Густав Исаксен во 66-та минута со одличен удар зголеми на 0:2. Голот може да го видите ТУКА.

Конечниот резултат го постави Деле-Баширу во финишот од натпреварот.

Се вчитува...