Поранешниот англиски репрезентативец, а сега косопственик на Интер Мајами за кого игра Лионел Меси, Дејвид Бекам, би можел да влезе во трката за претседател на ФИФА, објави германски Скај спорт.
Според Скај спорт, зад идејата Бекам да му биде противкандидат на Инфантино на изборот за претседател на ФИФА, стојат неколку влијателни фудбалски федерации меѓу кои се Германската фудбалска федерација, УЕФА како и КОНКАКАФ.
УЕФА и КОНКАКАФ се лидери во бунтот против Инфантино и битката за негово заминување од претседателската функција во ФИФА поради неговиот обид да ги продаде светските првенства на приватни инвеститори како и поради начинот на кој ја води светската куќа на фудбалот.
Инфантино кој е на чело на ФИФА од 2016 година, одби да се повлече, се кандидира за нов мандат на изборите кои во март идната година ќе се одржат во Мароко, но со појавувањето на Дејвид Бекам како негов можен противкандидат победата на Швајцарецот можеби нема да биде така извесна.
Последниот рок за поднесување на кандидатури за претседател на ФИФА е 18 ноември, кога ќе биде познато дали Бекам и официјално ќе се вклучи во трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
