Инфантино од нов мандат на чело на ФИФА го делат само 16 гласа

Џани Инфантино е на чекор од обезбедување нов мандат на чело Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Според радио Монте Карло, актуелниот претседател на ФИФА за изборот кој ќе се одржи во март идната година во Мароко, ја има поддршката од 90 фудбалски федерации, а за мнозинство кое значи нов мандат, потребни му се 106 гласови.

Инфантино ја доби поддршката од африканските федерации, а сега работи на обезбедување на нови гласови од азиските земји.

Засега само, Инфантино официјално поднесе кандидатура за претседател на ФИФА, додека УЕФА која бара негова оставка по обидот да ги продаде Светските првенства на приватни инвеститори, сè уште нема објавено кандидат.

Кандидатура за претседател најави поранешниот фудбалер на Тотенхем, Рамон Вега, а за официјално да влезе во трката за челник на ФИФА, потребно е обезбеди поддршка од најмалку пет од вкупно 211 национални фудбалски федерации кои се членки на ФИФА.

Последниот рок за поднесување на кандидатура за претседател е 18 ноември.

Се вчитува...