Работнички ја доби драмата со Пелистер во Битола

Кошаркарите на Работнички славеа со 91:87 во драматично дерби на третото коло во Суперлигата против Пелистер во Битола.

Со триумфот, тимот од Градски парк останува перфектен и му се приклучи на шампионот МЗТ Скопје, како единствени екипи кои славеа во првите три кола.

Натпреварот започна со доста промашувања на двете екипи, првите поени беа постигнати во третата минута, и тоа на домашниот тим врза две тројки за 6:0. Подобрата игра, битолчани ја потврдија со водство од 20:12 по првата четвртина.

Предноста од осум поени, домаќините ја задржа и во вторите десет минути и на пауза заминаа со 41:33.

Третата четвртина му припадна на Работнички кој успеа целосно да се врати во игра и во 28-та минута да поведе со 54:55 по реализираното слободно фрлање на Ефремовски. Сепак, третиот дел заврши со нерешени 59:59, за во одлучувачките десет минути, Работнички со серија од 0:7 поведе со 64:70.

Тимот од Градски парк со мирна игра, без брзоплети потези успеваше да ја одржува предноста и по поените на Рикиќ на 3.30 минути до крајот дојде до двоцифрена предност (70:80). Битолчани веднаш возвратија, и по поените и дополнителното слободно фрлање на Димитриев намалија на 76:80 на 2.44 минути до крајот.

Во последната минута од натпреварот Работнички имаше три поени предност, но по грешката во нападот, Пелистер со тројката на Кочовиќ дојде до израмнување на 83:83. Работнички по тајм-аутот го врати водството со поените на Рикиќ.

Битолчани не го реализираа нападот по што го испратија Фатјон Реџа на линијата за слободни фрлања. Кошаркарот на Работнички не ги погоди слободните фрлања, но Рикиќ одбиената топка ја смести во кошот на Пелистер за 83:87 на 14 секунди до крајот. Денинг намали на 85:87, но точка на натпреварот стави Робев со погодените две слободни фрлања на осум секунди до крајот.

Ефремовски даде 22, Елингсворт 16, Рикиќ 15 и Говенс 14 за Работнички, додека кај Пелистер Кочовиќ со 30 поени беше најдобар.

Драматично беше и на дуелот во Кавадарци каде Куманово со 76:75 славеше против домаќинот Тиквеш. Човек на одлука беше Камерон Гуден кој на 14 секунди до крајот, ги реализира двете слободни фрлања за триумф на Куманово.

КК Скопје ја оствари првата победа сезонава откако со 83:68 беше подобар од Струмица.

Се вчитува...