Серхио Рамос се враќа назад во Мадрид

Хетафе изненади кога не само што се вклучи во трката, туку и успеа да го обезбеди потписот на Дани Карвахал, а мадридскиот прволигаш сега подготвува нов амбициозен потег – во своите редови да го доведе и Серхио Рамос.

Легендарниот дефанзивец е без клуб од крајот на ланската година кога си замина од Монтереј, во меѓувреме имаше неуспешен обид да стане сопственик на Севиља, па Рамос сега повторно планира да игра фудбал, сметајќи дека може да биде на високо ниво уште најмалку една година пред да ги закачи копачките на „клин“.

Првиот човек на Хетафе, Анхел Торес, на гостување на радиото „РНЕ“ отворено обелодени дека веќе се водат преговори со легендарниот капитен на Реал Мадрид.

„Зборувавме со неговиот брат, кој воедно е и агент на Серхио. Во моментов сме добро покриени на таа позиција, но Рамос дефинитивно е на нашиот список на желби. Работиме на тој трансфер и апсолутно би можел да се случи“, истакна Анхел Торес.

Се вчитува...