Мурињо: Дајте ми доказ дека судијата ни помогнал…

Реал Мадрид лесно и убедливо ја совлада Севиља со 4-1, но шпанската јавност врие поради судиската одлука кон средината на првото полувреме, кога на Арда Ѓулер му беше простен црвен картон поради удирање со лакотот на противнички фудбалер.

Спорниот момент не беше забележан од судиите, но изненадувачки немаше и никаква реакција од ВАР-собата. Жозе Мурињо, познат по тоа што секогаш има што да каже за арбитрите, овојпат очекувано беше „мирен“.

„Јас не видов јасен доказ дека имаше удар. Го прашав директно Арда, тој ми кажа дека не го удрил со лакотот. Следната прес-конференција за Ла Лига ни е в сабота, ако најдете јасна слика и ми ја покажете,, без проблем ќе признам дека било црвен и дека судијата донел одлука во наша корист“, истакна Мурињо.

Во меѓувреме, по социјалните мрежи се појавија бројни снимки од инцидентот… кое е вашето мислење, дали Реал доби помош од судиите на овој натпревар…

Се вчитува...