Македонските репрезентативци во таеквондо продолжуваат со одличните резултати на меѓународните натпреварувања, доказ за тоа е одличниот настап на Ведрана Тунески на европското гран при.
Ведрана, која важи за една од најперспективните млади македонски таеквондистки и сериозна олимписка надеж, со одличен настап во кадетска конкуренција до 51 килограм освои сребрен медал на Европското Гранд При (Е6).
Со три убедливи победи, Ведрана стигна до големото финале и уште еднаш покажа дека поседува квалитет, карактер и потенцијал за најголемите светски спортски сцени.
Таа во првото коло ја совлада Французинката Мола со 2-1, потоа следеше триумф над Караман од Турција со 2-0, а во полуфиналето совладана беше Савиди од Кипар.
Тунески во финалето се сретна со Озтекин од Швајцарија, која по голема борба славеше со 2-0 во мечот за златото на овој турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
