„Кралевите“ се загреваат за Ел Класико, магија на Мбапе (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид со убедлив триумф и доминантна игра го очекуваат најголемото светско фудбалско дерби, Ел Класико и дуелот со Барселона.

„Кралевите“ вечерва со 4:1 ја совладаа Севиља во натпревар од деветтото коло во Ла Лига и дојдоа на шест бода од лидерот на табелата, Барселона со која идната недела ќе играат на „Камп Ноу“.

Резултатот во 30-та минута го отвори Арда Ѓулер кој со прекрасен гол ја круниса одличната акција на Реал која започна од сопствената половина. Голот на Ѓулер може да го видите ТУКА.

Само седум минути подоцна, уште подобра мајсторија изведе Килијан Мбапе. Напаѓачот на прекрасен начин ја прими топката, помина еден дефанзивец на Севиља, а потоа го помина и голманот на гостите, Влаходимос, и ја смести топката во мрежата. Мајсторијата на Мбапе може да ја видите на овој ЛИНК.

 

Reverse angle of Kylian Mbappe’s goal vs Sevilla
by
u/nearly_headless_nic in
soccer

 

Во второто полувреме, Мбапе од пенал го постигна својот втор гол на натпреварот, а вкупно деветти во сезоната.

Во финишот, Севиља преку Буено намали на 3:1, додека Јан Диоманде ја потврди убедивата победа на „Кралевите“.

Се вчитува...