Поранешниот шпански репрезентативец и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на 40 години наскоро може да се врати на фудбалските терени и тоа во Ла Лига.
Според шпанските медиуми, екипата на Хетафе е во преговори со Рамос за потпис на договор.
Ова го потврди претседателот на Хетафе, Анхел Торес.
„Разговарав со неговиот агент, кој воедно е и негов брат. Тој е на нашиот список на желби и можеби ќе ни се приклучи“, изјави Торес.
Серхио Рамос веќе десет месеци е без клуб откако си замина од мексиканскиот тим Монтереј. Во изминатиот период се шпекулираше дека Рамос преговара со неколку екипи од Премиер лигата и Милан, но не дојде до договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
