Луис Енрике се соочува со огромен проблем во пресрет на мега-дуелот меѓу ПСЖ и Барселона откако европскиот првак остана без услугите на Нуњо Мендеш, извонредниот лев бек кој заработи повреда на последниот лигашки дуел со Стразбур.
Енрике го уфрли Португалецот во второто полувреме во саботата, но Мендеш се повреди во самиот финиш и ПСЖ мораше да го заврши натпреварот со фудбалер помалку. Деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на мускулни влакна и одличниот дефанзивец ќе мора да паузира најмалку дваесетина дена од терените.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека „светците“ веќе в среда ќе ја пречекаат Барселона во големото дерби на Лигата на Шампионите. Мендеш требаше да биде главен адут на Енрике во обидот да се неутрализира феноменалниот Ламин Јамал, улога што сега ќе му припадне на Лука Дињ, Французинот кој се наоѓа далеку од посакуваната форма по летниот трансфер од Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
