Калин Ивановски забележа значителен скок од 27 позиции на најновата АТП-листа што беше објавена денеска. Македонскиот тенисер моментно се наоѓа на 717. место на рангирањето на најдобрите во светот на „белиот спорт“, а нема сомнеж дека доколку нема проблеми со повредите, тој ќе бележи дополнителен напредок во наредниот период.
Јаник Синер се уште е прворангиран пред Александар Зверев и Карлос Алкараз, но веќе е јасно дека Зверев наскоро ќе се искачи на врвот бидејќи Италијанецот нема да може да се врати на терените до крајот на оваа календарска година. Новак Ѓоковиќ има пад од четири позиции и моментно се наоѓа на 12. место на АТП-рангирањето.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 357. место на најновата ВТА-листа, напредок од четири позиции во однос на претходното рангирање.
На врвот на ВТА-листата нема никакви промени, Рибакина останува на врвот пред Сабаленка, Андреева, Пегула, Гауф…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
