Ванда продава дрес на Икарди – слабо користен, само 20 долари

Разводот меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди не заврши онака како што очекуваше аргентинската старлета откако судот не го прифати нејзиното барање за да добие огромен дел од богатството на фудбалерот.

Таа приказна сега е завршена за Икарди, но на Ванда очигледно тешко и падна загубената правна битка, па продолжува да го „пецка“ поранешниот сопруг. Така, таа на онлајн-продажба стави оригинален дрес носен од Икарди, продавајќи го за симболична сума од 20 долари.

Станува збор за дрес што Кикарди го има носено во 2018 година, додека беше дел од националниот тим и се бореше за место за мундијалскиот список.

Тогашниот селектор Сампаоли на крајот не го повика одличниот голгетер на завршниот список, но дресот на Мауро остана кај тогашната сопруга.

Ванда сега го продава преку оглас со наслов „Малку користен“ (потсетувајќи дека Икарди има само осум настапи за Аргентина) , по скромна цена од 20 долари, но и дополнителни 15% попуст ако трансакцијата оди преку кредитна картичка.

Се вчитува...