ПСЖ заврши уште една одлична работа успевајќи да го задржи Камил Сипжак, одличниот пивот што потпиша нов договор со кој и следната сезона ќе ги брани боите на гигантот од Париз.
Актуелниот договор на Сипжак истекуваше на крајот од сезонава, но со оглед на веќе најавеното пензионирање на Лука Карабатиќ управата на ПСЖ не сакаше да си дозволи целосен ремонт на пивотменската позиција. Полскиот ас имаше на маса и богата понуда се врати назад во татковината и да потпише за Висла Плоцк, но на крајот реши да ја продолжи својата авантура во Франција.
Тој веќе ја има надминато границата од 1.000 погодоци во француското првенство и со вкупно 1.049 е најдобар стрелец меѓу пивотите во историјата на овој шампионат.
Останувањето на Сипжак е уште еден одличен потег во пресрет на доаѓањето на новиот тренер Парондо, за кого управата на ПСЖ веќе договори три врвни засилувања, Наи, Кнор и Ушчинс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
