Нема одмор за македонските претставници во европските фудбалски купови. Имаат голема доверба во Комисиите за делегирање во УЕФА. Александар Ставрев туку што се врати од Грузија, ќе патува за Истанбул каде на 20 октомври, во третото коло на Лигата на шампионите во групната фаза, ќе го контролира судењето на мечот меѓу турскиот гигант Фенербахче и Славија од Прага.
Во моментов од 36 клуба на табелата Фенербахче е на 28, Слабија на 31 место по одиграни два натпреври. Еве ги нивните резултати: Фенербахче – Рома 1:1 и Астон Вила – Фенербахче 6:0. Сабал-Славија 2:0, Славија-Ленс 2:3.
Жарко Игњатовски ќе биде по втор пат директор во Чешка, во Плзен, на натпревар во Лигата на Европа во третото коло од групната фаза на мечот меѓу Викторија и бугарскиот претставник Левски. И двата клуба не се прославија во првите две кола. Викторија Плзен загуби од Ференцварош со 3:1 и од Унион со 3:0, додека Левски играше нерешено со НЕЦ 1:1, а загуби од Салцбург со 1:0.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
