Вардар рутински против Бутел

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар стигна до нова победа во ракометната Суперлига откако денеска во меч од 7. коло славеше на домашен терен против Бутел со 38-30.

Вардарци уште од самиот старт беа подобар противник на теренот, па на полувреме заминаа со позитива од пет гола (20-15).

Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 38-30. Матео Фадуил со 14 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лука Јовиќ заврши со седум гола.

Се вчитува...