Реми на Арсими и Тиквеш за крај на 10. коло во ПМФЛ

Арсими и Тиквеш одиграа без победник 1-1 во последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во првиот дел мируваа мрежите на двата тима се до финишот, кога прво домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Каба- Јакупи во 38. минута. На 1-1 во судиското продолжение во првиот дел на неверојатен начин израмни најдобриот фудбалер на кавадарчани сезонава, Сила.

Во вториот дел мируваа мрежите, па двата тима мораа да се задоволат со по бод.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...