Требаше да се врати по две години пауза, но…

По две години, Бен Симонс требаше повторно да заигра во НБА, но доживеа сериозна повреда.

Магнетната резонанца потврди дека кошаркарот на Сакраменто Кингс има скината Ахилова тетива на десната нога, поради што ќе ја пропушти целата сезона.

Симонс имаше одлични подготовки и настапи во преtсезоната, што навестуваше успешно враќање во НБА по закрепнувањето од операцијата на грбот.

„И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест ментално, физички и емоционално, и секојпат сум наоѓал начин да ги надминам. Оваа повреда е уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна“, изјави Симонс.

Се вчитува...