Спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Маркус Креше, по пет години на функцијата, побара раскин на договорот и експресно може да си најде работа и тоа во еден од најголемите фудбалски клубови на светот, Милан.
Германецот е познат по големите трансфери, меѓу кои се тие на Рандал Коло Муани и Уго Екитике кои ги продаде за речиси за 100 милиони евра и на Омар Мармуш за 75 милиони евра.
За време на неговиот мандат во Ајнтрахт, германскиот тим триумфира во Лигата на Европа, а притоа заработи 540 милиони евра од продажба на фудбалери.
Тој минатото лето беше блиску до преселба во Милан, но се повлече бидејќи не сакаше да го напушти Ајнтрахт пред почетокот на преодниот рок. Милан не се откажува, и сега откако Креше го напушта Ајнтрахт, веднаш му ја нуди позицијата спортски директор и плата од 40 милиони евра за четири години. Креше би имал буџет од 700 милиони евра за засилувања и голема слобода во носењето одлуки.
Според новинарот Фабрицио Романо, Милан и Креше се блиску до договор и прашање на денови е кога и официјално ќе биде објавено дека „росонерите“ имаат нов спортски дирекор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
