Лапорта без влакна на јазикот: Односите со Реал се никакви

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за весникот „Лекип“ пред утрешната мегапресметка меѓу ПСЖ и каталонскиот тим во Лигата на шампионите, зборуваше и за односите со големиот ривал Реал Мадрид, како и за „галактикос“ – политиката на носење скапи ѕвезди.

Лапорта тврди односите со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перес, но и членовите на управата на големиот ривал се речиси никакви.

„Односот со Реал Мадрид? Тој е никаков, помеѓу нас не постои никаков однос. Ќе отидам чекор подалеку и ќе кажам дека тоа веќе прераснува во пресметка. Реал го загуби кредибилитетот, како на институционален така и на спортски план. Повеќе немаат никакво влијание во институциите. Избраа погрешен пат и сега ја плаќаат цената поради тоа“, вели Лапорта.

Првиот човек на Барселона, зборуваше и за политиката на големиот ривал и обидите кои според него се изговори со кои се оправдува постот од освојување трофеи.

„Плаќаат големи суми за носење на прескапи играчи, а тие играчи не им ги носат посакуваните резултати. Во Мадрид предност им даваат на индивидуалноста и на скапите трансфери. На сите начини се обидуваат да го оправаат неуспехот со лаги за случајот Негреира бидејќи веќе две години не освоиле ниту еден трофеј. Од друга страна, ние освојуваме трофеи и сме меѓу фаворитите во сите натпреварувања“.

Лапорта не го штедеше ниту Килијан Мбапе кој според него може да внесе немир во соблекувалната.

„Два петела не можат да функционираат во ист кокошарник. Во фудбалот, екипата и тимскиот дух се на првото место и доколку го нема тоа, проектот нема да успее. Токму во тоа е силата на Барселона. Имаме врвни таленти, играчи од Ла Масија и играчи кои доаѓаат од други екипи и потоа успеваме да создадеме екипа која функциорна во хармонија. За тоа најзаслужни се фантастичниот тренер Ханси Флик и спортскиот директор Деко“, вели Лапорта.

Се вчитува...