ЖИВИ СМЕШКИ: Видете колкава е казната што ја доби Роналдо за бегството од репрезентацијата!

Португалската фудбалска асоцијација ја изрече казната за Кристијано Роналдо за самоволното напуштање на репрезентативниот собир на почетокот од овој месец.

Асоцијацијата објави дека Роналдо е суспендиран 30 дена од репрезентацијата и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра! Не 255 илјади евра!

Роналдо во основа призна дека ја заслужил казната, но нема сомнение дека ова е далеку под очекувањата за инцидентот што го направи.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега одигра 234 натпревари и постигна 146 гола.

Со репрезентацијата го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите од Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Се вчитува...