Менаџерот на Кристал Палас, Пјер Саж, се наоѓа под голем притисок по убедливит пораз од Брајтон од 5:0 во дуелот од седмото коло во Премиер лигата и тој според англиските медиуми е главен фаворит прв да добие отказ сезонава.
Кристал Палас доживеа вистински дебакл на „Амекс“ стадионот во Брајтон каде прими три гола во првите десет минути, а вториот гол беше постигнат со шут од центар, по што се зголеми притисокот врз Саж.
Тој дојде во Кристал палас како заменик за Оливер Глазнер, по успешната работа во Ланс со кого минатата сезона триумфира во Купот на Франција и го освои второто место во Лига 1, веднаш зад неприкосновениот ПСЖ.
Иако англиските медиуми ги гледаа Алваро Арбелоа (Фулам) и Мајкл Карик (Манчестер Јунајтед) како главни фаворити за отказ, фаворит на обложувалниците е токму Саж.
Лесно може да се случи Саж до крајот на неделава да добие отказ доколку Кристал палас не слави против Бешикташ во дуелот кој ќе се игра во рамки на второто коло од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
