Емил Божиновски – контролор на меч од Лигата на шампионите во Милано

Комисија  за делегирање на контролори на УЕФА како да не му дозволува на нашиот Емил Божиновски малку да се одмори. Туку што се врати од Шпанија, од градот Виго каде пред три дена го контролираше судењето на натпреварот од групната фаза во Лигата на Европа меѓу Селта и Јувентус од Торино, а веќе доби нова задача.

Божиновски е одреден да биде контролор во Лигата на шампиони на мечот од групната фаза во Милано меѓу Интер и Шахтјор од Украина кој се игра на 21 октомври.

Пред мечот во Виго, Божиновски го контролираше судењето во Тирана на средбата Албанија – Сан Марино во Лигата на Нации.

Овој натпревар е и тоа како важен за Интер кој во првите две кола има два порази, од Реал Мадрид со 2-1 и од Бриж со 4-3 и се наоѓа на дното на групната табела од 36 клуба,  дури  на 29. место. Од друга страна Шахтјор е поуспешен, со една победа против АЕК со 3-1 и реми со ПСВ 1-1 и се наоѓа на 11. место на табелата.

М.М.

Се вчитува...