„Можам само да им се поклонам на Макс и на Ред Бул“

Шефот на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, смета дека Ред Бул  кој повторно е во одлична форма– ќе биде еден од главните актери во „бескомпромисната борба“ што тој ја очекува на врвот во Формула 1 во текот на 2027 година.

Тимот предводен од Волф е блиску до освојување на титулите во конкуренција на возачи и конструктори, пред завршните трки од сезоната. Андреа Кими Антонели би можел да ја обезбеди возачката титула уште овој викенд, на Големата награда на САД, доколку резултатите му одат во прилог.

„Навистина им симнувам капа на Макс и Ред Бул за се што направија оваа сезона. Начинот на кој го развија болидот, како склопија се во една целина, а потоа го ставија Макс Ферстапен зад воланот кој чувствува дека може да го вози болидот онака како што сака резултираше токму со вакви резултати“, изјави Волф.

Мерцедес ја изгради својата предност во двете шампионски конкуренции благодарение на одличниот почеток на сезоната првата во новата ера на техничките правила. Тимот победи на осум од првите десет трки. Сепак, ривалите ја намалија разликата, па така Мерцедес победи само три пати на последните седум трки.

Се вчитува...