Кристијано Роналдо станува сопственик на Ал Наср?

Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо би можел наскоро да стане еден од косопствениците на саудискиот клуб Ал Наср. Ова следува откако американската инвестициска група „РедБирд Капитал“, која веќе го поседува италијанскиот гигант Милан, започна официјални преговори за преземање на мнозинскиот удел во клубот од Ријад.

Според информациите на влијателниот саудиски медиум „Ал-Ријадија“, американскиот конзорциум предводен од Џери Кардинале преговара со државниот Јавен инвестициски фонд на Саудиска Арабија за купување на 70% од акциите на Ал Наср. Вредноста на оваа зделка се проценува на околу 267 милиони долари (приближно 1 милијарда саудиски ријали).

Во рамките на овој мега-проект, капитенот на тимот, Кристијано Роналдо, планира да ја искористи специјалната клаузула во својот договор која му овозможува приоритет при инвестирање. Се очекува Португалецот да задржи или откупи до 20% од акциите на клубот, со што и официјално би преминал во улога на косопственик на тимот за којшто настапува.

Се вчитува...