Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) во Лозана кон крајот на ноември ќе ја донесе конечната одлука за победникот на Африканскиот куп на нации во 2025 година. Речиси десет месеци по контроверзното финале меѓу Сенегал и Мароко, се уште не се знае кој официјално ќе го освои трофејот. Како што пренесуваат француските медиуми, арбитрите ги завршија сослушувањата и во моментов ја разгледуваат жалбата на Фудбалската федерација на Сенегал.
Финалето, одиграно на 18 јануари во Рабат, заврши со победа на Сенегал од 1-0 по продолженијата, но натпреварот беше одбележан со сериозен инцидент. Незадоволни од пеналот досуден за Мароко во судиското надополнување, сенегалските фудбалери го напуштија теренот и се вратија дури петнаесет минути подоцна. Брахим Дијаз потоа не го реализираше пеналот, а Сенегал победи во продолженијата.
Сепак, жалбата поднесена од Мароко го промени исходот на финалето. На 17 март, Апелационата комисија на Конфедерацијата на африкански фудбал (ЦАФ) го регистрираше натпреварот со службен резултат 3-0 во корист на домашниот тим, повикувајќи се на правилата кои забрануваат напуштање на теренот без дозвола од судијата.
Сенегалците ја оспорија одлуката пред ЦАР, нарекувајќи ја „најголемата административна кражба во историјата на фудбалот“. На 8 октомври, судот одржа сослушување зад затворени врати, а конечната пресуда, придружена со детално правно образложение, се очекува кон крајот на ноември 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
