ТФТ ја почнува АБА 2 авантурата во која цел е повторно борба за пласман во елитата

Кошаркарскиот суперлигајш ТФТ ја почнува својата сезона во АБА2-лигата, со статус на вицешампион. Избраниците на Боро Смилковски се наоѓаат во Тузла, БиХ, каде што во 18 часот вечерва ќе ги одмерат силите против Слобода.

По ланската успешна кампања во која скопскиот тим играше за пласман во АБА-лигата, овојпат ТФТ има слични амбиции. Слобода Тузла е познат противник, со кого одиграа еден дуел во кој славеа со 96-91

Очекувањата на тренерот Боро Смилковски, како и секогаш се неговите момци да го дадат максимумот на паркетот.

„Не очекува тежок натпревар, прв за нас во овогодинешното издание на АБА2-лигата. Слобода има квалитетна екипа која во голема мера го задржа играчкиот кадар од ланската сезона, како и континуитетот во работата на тренерот Марко Трбиќ. Во сериозен пристап и фокус на деталите, ќе се обидеме со агресивност да наметнеме наш стил на игра во транзиција со доста поседи. Контролата на скокот ја издвојувам како еден од клучните фактори во обидот да дојдеме до позитивен резултат на натпреварот“, изјави Смилковски. 

Капитенот на екипата, Страхил Николов, посочи дека сите се максимално подготвени за стартот на сезоната во АБА2-лигата.

„Не очекува тежок натпревар на гостински терен со кој ја отвораме сезоната во АБА2. Подготвени сме на предизвикот и веруваме во нашиот квалитет и стил на игра. Во новата сезона влегуваме како вицешампиони што претставува голем успех за нас, но и дополнителна мотивација. Се надевам дека ќе дадеме сè од себе за да ја почнеме сезоната со позитивен резултат“, изјави Николов. 

Се вчитува...