Ига Швјонтек се повлече од ВТА 500 турнирот во Нингбо поради повреда на левиот бут, со што практично ги загуби шансите за директен пласман на завршниот ВТА турнир.
Шесткратната гранд-слем шампионка се повреди за време на полуфиналниот натпревар на турнирот во Вухан против својата сонародничка Маја Хвалинска. Иако нејзиниот физиотерапевт и сугерираше да го предаде мечот, Швјонтек продолжи да игра, но на крајот загуби во два сета.
Сепак, повредата се покажа како посериозна отколку што изгледаше на почетокот, па полската тенисерка мораше да го откаже своето учество во Нингбо. По поразот во полуфиналето во Вухан, Швјонтек заостанув 545 поени зад Каролина Мухова, која моментално ја држи последната, осма позиција што води на завршниот ВТА турнир.
Во нејзиниот распоред беа предвидени уште два ВТА 500 турнири во Нингбо и во Токио па математички таа сè уште имаше шанса да ја надомести разликата, особено што Мухова немаше планирано настап на ниту еден од тие два турнири.
Сепак, со повлекувањето од Нингбо, таа можност исчезна. Дури и да победи во Токио, Швјонтек ќе остане 45 поени зад Мухова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
