Селекторот Марковиќ пред ЕХФ-неделата: „Добри подготовки во Скопје кои ќе не користат за турнирот во Турција и за ЕП“

 

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ со максимални очекувања за успешна подготовка на репрезентативките го очекува собирот за ЕХФ-неделата.

Марковиќ вели дека, ЕХФ-неделата во Скопје, ќе биде искористена за одработка на осум до десет тренинзи кои ќе бидат добредојдени за турнирот во Турција но и за што подобра подготовка за настапот на Европското првенство.

„Повторно сме на собир на женската репрезентацијата на Македонија во ЕХФ-неделата. Сите повикани ракометарки се здрави и се надевам дека така и ќе остане. Овој пат одлучивме комплетните подготовки да ги одработиме во Скопје каде ќе имаме осум до десет тренинзи. Желбата е оваа недела да ја искористиме за добро воигрување на тимот, ќе бидат реализирани тренинзи за подобрување и на нападот и на одбраната, па се надевам дека тоа успешно ќе го користиме и на турнирот во Турција, а потоа и секеко на Европското првенство“ – вели селекторот Марковиќ.

Се вчитува...