Александер Арнолд се враќа на „Енфилд“!?

Трент Александер-Арнолд би можел да го напушти Реал Мадрид откако, според англиските медиуми, е сè повеќе незадоволен од времето за игра во кралскиот клуб.

Англискиот десен бек, кој пристигна на Сантијаго Бернабеу минатото лето по завршувањето на соработката со Ливерпул, наводно размислува за својата иднина. Според информациите од островските медиуми, Ливерпул е еден од неколкуте клубови кои ја следат ситуацијата околу 28-годишниот фудбалер пред евентуален трансфер.

Александер-Арнолд беше еден од најважните играчи на Ливерпул со години, со кого освои бројни трофеи, вклучувајќи ја Премиерлигата и Лигата на шампионите.

Неговото заминување во Реал Мадрид означи крај на една одлична ера на Енфилд. Сепак, евентуалното враќање на Енфилд повторно би можело да стане актуелно прашање ако незадоволството од ограниченото време за играње продолжи.

Засега нема потврда дека преговорите меѓу клубовите се започнати, па евентуалното враќање на англискиот репрезентативец на „Енфилд“ е само можност во оваа фаза.

Во Ливерпул, Александер-Арнолд го изгради својот статус на еден од најдобрите десни бекови на својата генерација, особено благодарение на неговите одлични напаѓачки квалитети и способноста да создава можности за своите соиграчи со прецизни додавања.

Се вчитува...