Вардар по четирите порази на првите четири средби од Лигата на Шампионите ги загуби сите шанси за пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување.
Веќе утре на распоредот на „вардарци“ е тешко гостување во Нант, а тренерот Иван Чупиќ е свесен дека главен предизвик ќе му биде да ја одржи мотивацијата кај својот тим во ситуација кога сите шанси за пласман понатаму се загубени.
„Сакаме да останеме компетитивни како што бевме досега, но и да победиме на некој натпревар. Знаеме колку е тешко да се победи во Нант, не сакам да мислиме дека само добро изднание и позитивни импресии ќе бидат доволни. Кога играш во салата во Нант, мора да се бориш 60 минути, да покажеш вистински карактер и менталитет. Тоа никогаш не смее да изостане од изданијата на Вардар. Точно е, ова се тешки моменти за Вардар бидејќи имавме високи очекувања, се надевавме дека ќе ја минеме групната фаза. Сепак, сакаме да испратиме порака за иднината, дека се уште сме „живи“, дека ќе се натпреваруваме до крај, дека нашиот тим ќе продолжува да се развива. Секој меч од Лигата на Шампионите е како финале за нас, сакаме да се претставиме на вистински начин и да извлечеме поука од секој натпревар“, изјави Иван Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
