Жозе Мурињо се појави на прес-конференција пред дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите. Реал Мадрид има две победи од два натпревари, а следниот е закажан за среда во 21 часот.
„Прерано е. Целта на Реал Мадрид не е да ја освои Лигата на шампионите, туку да оди понатаму. Ако освоиме доволно бодови, ќе видиме која е втората цел, а тоа е да го избегнеме плејофот доколку е можно. Ќе ни требаат многу бодови за нешто такво. Одиме чекор по чекор“, рече Мурињо.
Многу се зборува за Винисиус, дали заслужува да игра и дали Реал изгледа подобро без него.
„Она што ги прави играчите недопирливи не е дресот, нивниот статус или колку години се таму, туку нивното ниво на теренот“, истакнува Мурињо и додаде:
„Винисиус ќе игра на лево крило утре. Јан (Диоманде) не знаеме уште дали ќе игра утре или не“.
Мурињо е таму веќе три месеци во кралскиот клуб.
„Бев подготвен. Не можам да зборувам за изненадувања или дали очекував да биде подобро или полошо. Очекував што ќе најдам. Сакав да видам со свои очи, а исто така и да слушнам. Не дојдов мислејќи дека ќе бидам тука 100 дена или три години. Се обидувам да дадам се од себе секој ден“, рече Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
