Црвена Звезда без најновата „ѕвезда“ на дербито со Партизан

Црвена Звезда го осигура потписот на Кристијан Колоко како големо засилување за центарската позиција, но „црвено-белите“ нема да можат да сметаат на својата најнова „ѕвезда“ за големото дерби со Партизан што е на програмата в четврток.

Тренерот Наваро има сериозни проблеми во рекетот по повредата на Мотли, добра вест е што барем Изунду ќе може да настапи со Партизан, но „црвено-белите“ се надеваа дека и Камерунецот Колоко ќе може да им помогне во овој исклучително важен дуел.

Сепак, доаѓањето на најновото засилување неочекувано се одложи, така што тој дури во четврток ќе пристигне во Белград, од петок ќе почне со тренинзн, така што дури следната седмица би можеле да го очекуваме неговото деби во црвено-белиот дрес.

Се вчитува...