Малерозниот Алаба само што најде нов клуб, веднаш се повреди

Малерите што Давид Алаба ги имаше по преселбата како слободен играч од Баерн Минхен во Реал Мадрид продолжуваат и по неговото заминување од таборот на „кралевите“.

Австрискиот дефанзивец се мачеше да најде нов ангажман, на крајот ја прифати понудата на Удинезе, но Алаба ниту таму не се прослави, „фриулијаните“ имаат пет порази на последните пет натпревари, а искусниот одбранбен фудбалер згора на тоа и заработи незгодна повреда.

Удинезе потврди дека лекарските прегледи покажале незгодна повреда на мускулот која ќе бара повеќенеделен одмор од тренинзите и натпреварите на овој клуб.

„Фриулијаните“ се наоѓаат во сериозна резултатска криза, а згора на тоа имаат и огромни проблеми со повредени фудбалери ако се знае дека пред Алаба на листата отсутни играчи се најдоа и Заниоло, Бајо и Геје.

Се вчитува...