Турската Фудбалска Федерација денеска и официјално го именуваше Серген Јалцин за нов селектор, давајќи му доверба токму на овој 53-годишен стратег да ја врати репрезентацијата на посакуваните победнички патеки.
Винченцо Монтела целосно потфрли како селектор на СП 2026, но и потоа на почетокот на Лигата на Нации, каде Турците претрпеа четири порази на четири натпревари што резултираше со отказ за италијанскиот стручњак. Токму Јалцин беше меѓу најгласните критичари за работата на Монтела, а раководството на федерацијата на крајот го избра токму овој поранешен турски репрезентативец за нов кормилар на националниот тим.
„Му посакуваме на Јалцин многу среќа во новата уулога и се надеваме дека оваа одлука ќе донесе многу радост на репрезентацијата и на целата држава“, се вели во соопштението на федерацијата.
Јалцин како фудбалер одигра 37 натпревари за Турција во периодот од 1993 до 2003 година, настапувајќи за оваа селекција на ЕВРО 1996 и на ЕВРО 2000.
Како тренер, најголем успех му е двојната круна освоена со Бешикташ во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
