Раководството на Мелсунген дефинитивно подготвува сериозен ремонт за наредното лето, тренерот Парондо се сели на клупата на ПСЖ, а големи промени ќе има и во играчкиот кадар.
На листата на оние кои ќе си заминат од Мелсунген се наоѓа и Даинис Криштопанс, поранешниот „вардарец“ кој во последните години беше еден од клучните ракометари во тимот на Парондо.
Актуелниот договор на летонскиот „бомбардер“ истекувва на крајот од оваа сезона, а управата на бундеслигашот реши да ги прекине сите преговори за продолжување на соработката.
Впрочем, Мелсунген го договори и новиот десен бек, договарајќи го доаѓањето на Ерик Персон следното лето. Персон е член на Гепинген, клуб за кој настапува од 2023 година и веќе потпиша договор со Мелсунген до 2029 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
