Екипата на ТФТ претрпе убедлив пораз од Слобода во Тузла (106-61) во својот премиерен меч сезонава во АБА2 лигата, натпревар на кој македонскиот претставник неочекувано се појави на терен со само шестмина кошаркари во ростерот.
„Црно-белите“ од скопско Тафталиџе отпатуваа со десет кошаркари, но четворицата странци останаа дуелот да го следат од трибините, па целиот товар падна врз македонските кошаркари, и тоа Николов, Стојаноски, Ѓорѓевиќ, Иванов, Цветковски и Митревски.
Со ваков ростер, јасно беше дека убедливиот пораз е неизбежен, па кошаркарите на Слобода доминираа 40 минути, уште во првата чњтвртина поведоа со 27-12 и ја зголемуваа предноста до самиот крај и конечните 106-61.
Toма Стојаноски со 25 поени и 7 скокови беше најзабележителен во таборот на ТФТ, каде двоцифрен ефект имаа и Николов и Ѓорѓевиќ со по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
